Менаџирање / Наплата на побарувања

Обука наменета за:

  • Референти и агенти за наплата на побарувања
  • Вработени во финансиски сектор задолжени за наплата на побарувања
  • Вработени во комерцијален сектор задолжени за наплата на побарувања
  • Вработени во агенции и други посредници за наплата на побарувања

Опис:

Значаен дел од работниот капитал на компаниите е врзан за побарувањата. Тоа претставува ризик за ликвидноста. Од друга страна, нема ништо поскапо од продадените а ненаплатени  производи или услуги, бидејќи истите се оптоварени со сите логистички трошоци, плус давачките спрема државата.

На обуката за Менаџирање и Наплата на побарувањата подеднакво се посветува внимание како на Наплатата, така и на Менаџирањето на побарувањата, но сепак, акцент паѓа на ПРЕВЕНТИВАТА, односно што е тоа што можеме да го правиме за да ја минимизираме можноста за настанок на проблеми со наплатата.

Цели и Придобивки:

    • Подобрување на ефективноста во наплатата на проблематичните побарувања  преку:
      • Подлабоко разбирање на причините за влегување во проблематичен долг од страна на клиентите
      • Запознавање со праксите за поставување на ефикасна кредитна политика
      • Свест за јасна разлика помеѓу cash flow и Биланс на успех
      • Искористување на базичната финансиска писменост во насока на подобрување на ликвисноста
    • Искористување на потенцијалите за превентивно делување и претходно регулирање на односите со клиентите
    • Подобрување на сите видови на комуникација со клиентите-должници

Содржина

  • Модул 1 – Вовед
    • Зошто клиентите доцнат или не плаќаат?
    • Улогата на Менаџерот за управување со наплатата на побарувањата (МУНП)
    • Законска рамка
    • Менаџерот за управување со наплатата на побарувањата како Account manager
    • Профил на МУНП
  • Модул 2 – Превентива – Account Management & Customer Care
    • Поставување конзистентна кредитна политика
      • Фактор ризик
      • Регулација на чекори при ескалација на долгот
      • Прогресивна кредитна политика
        • Стимулација – Incentive scheme
      • Занемарен аспект – Партнерски однос
      • Перцепција на клиентот
      • Скала на развој на односот
        • Од Трговец кон Деловен Партнер
      • Модул 3 – Регулирање на деловните односи со Клиентот
        • Мапирање на процесот на донесување одлуки кај Клиентот
          • Типови на улоги во процесот
          • Групирање
        • Организациска шема
      • Модул 4 – Комуникација со клиентот по основа на наплата
        • Вербална комуникација
        • Писмена комуникација
          • Писмо за потсетување
          • Писмо за потсетување
          • Опомена
          • Опомена пред преземање правни дејствија
        • Срамнување на сметките
      • Модул 5 – Стратегии за справување со клиентските избегнувања на обврските
        • Основи на деловно преговарање
          • Откривање на клиентските преговарачки варијабли
        • Откривање на клиентските модели на однесување за избегнување и справување со типичните оправдувања
      • Модул 6 – Совети за ефективна кредитна политика и наплата на побарувања
        • Интеграција на психологијата на клиентот со кредитната политика на организацијата
        • Реакција на сигналите кои предупредуваат на проблемите во наплатата
        • Комуникациски меѓу-секторски ток
        • Проактивен пристап

За обучувачот:

Митко Керамитчиев  е професионален тренер-консултант чија консултантска кариера е продолжение на повеќегодишниот работен ангажман во компании од интернационален карактер.

Во рамките на вредниот стаж акумулиран како менаџер во неколку гиганти во својата област, како Wrigley’s, Allied Domecq, AWT International, Alma-M, имал прилика директно да соработува со компании и брендови лидери во својата категорија како – Ballantines, Colgate-Palmolive, Johnson&Johnson, Phillips, Hip, Johnson Wax, Nestlè и многу други.

Тренерското портфолио на Керамитчиев брои 30-на различни обуки за soft skills поделени во два сегмента – продажни и менаџмент.

Листата на компании за чии претставници во отворени или inhouse варијанта Митко Керамитчиев одржал успешни обуки (над 620 во 10-на европски држави) меѓу другите ги вклучува и речиси сите најголеми домашни компании како и странски компании во или вон ТИРЗ зоните.

Информации за обуката:

Обучувач: Митко Керамитчиев

Дата: 28.06.2018

Време: 09-16 часот

Цена: 3.900 ден

  Пријави на: prijava@aquila.mk, 070330703, 02/2460926

Претплатете се

Доколку сакате да добивате известувања на e-mail за следните текстови и материјали оставете ја вашата e-mail адреса на полето подолу.

*Персоналните информации ќе бидат енкриптирани