Зошто Аквила?

Значењето на името Aquila е орел. Орелот е симбол за височина, слобода, перспектива… Тоа се дел од нашите вредности. За орелот да биде тоа што е, потребно е надвишување, промена на моменталната перспектива и согледување на стварноста од поинакво ниво.

Длабоко веруваме дека тоа и се случува на една обука, курс, презентација, работилница… согледување на секојдневната реалност од друга перспектива и преземање акција од тоа ниво.

НАШАТА МИСИЈА

Определени да истражуваме, отворено прифаќајќи ги природните текови и промени, се грижиме за сестран индивидуален и општествен напредок, давајќи свој придонес со нов квалитет, вредност, синергија и влијание за лична и општествена трансформација кон бесконечните длабочини на Еволуцијата.

  • Перспектива
  • Еволуција
  • Пракса
  • Иновативност
  • Потенцијал
  • Растеж
  • Акција
  • Флексибилност