ЗА ИНДИВИДУИ

Обуки кои што ги нуди Аквила

Во денешниот македонски корпоративен амбиент постои несовпаѓање помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила и тоа во:

– квантитет кој резултира со преголема понуда на едни и недостаток на друг вид професионални профили и

– квалитет, односно кадри кои знаат нешто што на фирмите не им треба, а не знаат или не можат нешто што на работодавачите им треба.

На индивидуален план, од друга страна, постои недостаток на желба и мотивација кај новите генерации да се интегрираат во етаблираните, по малку застарените корпоративни модели.

Занимавајќи се подолго време со прашањето за мотивација на вработените, дојдовме до сознание дека еден од малкуте клучни фактори за мотивацијата е чувството за личен напредок. Тоа води до поголема самодоверба, а пак тоа води или до:

  • Поголем број на успешни интервјуа за прием на работа (за невработените) или пак
  • Подлабока и поефективна интеграција во корпоративното делување и поголеми можности за напредок (за вработените).

Како и да е, колку и да звучи како фраза, сепак, многумина  се сложуваат дека инвестиција во себе секогаш се враќа, на еден и друг начин, порано или подоцна.

Корпоративниот свет бара колку што е можно повеќе „готов производ“ кај новите (и постојните) кадри, а формалниот образовен систем тоа не го нуди. Излезот е во обуки кои нудат конкретни, практични и корисни вештини и насоки за сопствено до-образување, најчесто надвор од формалниот систем.

Емоционална интелигенција
Со адекватен пристап, конфликтот може да резултира со надграден однос на повисоко квалитативно ниво
Справување со конфликти
Со адекватен пристап, конфликтот може да резултира со надграден однос на повисоко квалитативно ниво
Self-management
Ставање под контрола на првиот предуслов за ефикасно менаџирање на организациски ресурси – self-management.
Time-management
Сите имаме 24 часа дневно на располагање, сите постигнуваме различни резултати. Тренингот се стреми да одговори на клучното прашање – Зошто?
Асертивна Комуникација
Развивање на вештините за комуникација на принципиелна основа со јасна артикулација на сопствените ставови и адекватна одбрана на иститево било која животна и деловна ситуација
Контрола на Стрес
Како да го зауздиме чудовиштето на денешницата?
Комуникациски Вештини
Тренинг кој е различен од било кој друг на истата тема. Подобрување на вештините на базично и суптилно ниво.
Менаџмент за млади менаџери
Ефикасно соочување е справување со деловни ситуации за кои младите менаџери не учеле на универзитет
Презентациски вештини
Од правила за презентирање до потребата за кршење на истите, презентирањето е процес кој е извор на стрес. Корисни алатки и техники за изведба на презентација која е пријатна како за презентерот така и за аудиториумот
Анализа на ситуација и Донесување ОДЛУКИ
Секоја ситуација е приказна за себе. Примана на алатки за анализа и истата и избор на решенија кои водат до најдобрите можни сценарија
Тимски менаџмент
Разбирање, освестување, тимски дух, емоционална интелигенција, мотивација... се клучните зборови кои се лајт-мотив на овој тренинг
Организациски вештини
Идентификација на потребни знаења, вештини и компетенции за модерниот менаџер и препознавање на транзициски точки во менаџментот
Мотивација на работно место
Демистификација на мотивацијата во социјалните и работни средини и откривање на факторите на мотивација
Лидерски менаџмент
Менаџер се поставува, Лидер се препознава – Фактори на успех, со акцент на Мотивацијата
Лидерство
Тренинг за идентификација на клучните фактори на успехот на водењето на групи и тимови и нивна примена во потребен контекст
Ефективно решавање проблеми и ситуации
Тренинг а развивање на вештините за адекватна анализа на ситуација и избор на алатки и техники за решавање на проблемот
Ефективен менаџмент
Тренинг базиран на развивање на базични вештини потребни за ефективен менаџмент и деловно достигнувања
Услугата како Продажна Вештина
Препознавање и градење на потребно ниво на почит за УСЛУГАТА како фактор на влијание врз деловните резултати
Преговарачки Техники и Вештини
Идентификација на клучните преговарачки варијабли и нивно искористување на принципиелна основа без компромиси
Продажен Менаџмент
Организација на продажен тим и максимизирање на неговиот потенцијал
Телефонска продажба
надминување на хендикепите на класичната продажба и максимизирање на телефонските контакти
В2С Продажба
Ефикасни техники применети во мало-продажба
В2В Продажба
Продажба кон правни лица, големо-продажба или продажба кон фирми како краен купувач
Продажни Техники и Вештини
развивање и подигнување на вештините во продажба во секоја фаза, од контакт до реализација и потоа.